МОБИЛНОСТИ



 


 

Реализирана прва мобилност од ЕРАЗМУС+ КА229 проект со наслов ,,Mind your health’’ (2019-2021)

 

По добиен грант и доверба од Еразмус+ програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за проектот ,,Mind your health’’ од Клучна Акција 2 за стратешки партнерства во училишното образование, се реализираше првата средба или мобилност на ученици и наставници во Р.Бугарија, во градот Русе, во период од 27.10.2019 до 02.11.2019 г.

Мобилноста беше реализирана од страна на 3 наставника:

1.Александра Цветановска – координатор на проект

2. Ирена Христовска – координатор на проект

3.Вера Крстевска – одделенски наставник

Во истата беа вклучени 5 ученика од седмо и осмо одделение и тоа:

1.    Ана Марија Ванчевска

2.    Михаела Николовска

3.    Теодора Ангеловска

4.    Ацо Наумоски

5.    Марио Николовски

 

Цели:

-да се направат партнерства со други училишта

-да се разменат искуства и добри практики во наставата

-да се имплементираат нови техники и методи за развој на младите личности

-да се создаде подобра училишна клима со акцент на редуцирање на стресот кај учениците

-да се подобрат навиките за здрав живот и да се подобри психичкото здравје и добросостојбата

-да се запознаат со други култури, традиции, обичаи, кујни

-да се имплементираат мултикултурни европски вредности и еднаквост помеѓу младите

 

Исходи:

-воспоставување на поблиски релации со колегите од партнер училиштата

-подобрување на работата на проектните активности со акцент на физичкото и менталното здравје

-имплементирање на нови техники и методи во наставата

-подобрување на наставниот процес

-подобрување на училишната клима и намалување на стресот кај учениците

-збогатени искуства и контакти

-ширење мултикултурализам и европски вредности

 

( SLIKI DOPOLNITELNO)

 

 

Скопје, 05.11.2019

 

Ирена Христовска

Александра Цветановска

Вера Крстевска 












Реализирани  активности во учебната 2019/2020 година во склоп на

 програмата  ЕРАЗМУС+ КА229 проект со наслов ,,Mind your health’’ (2019-2021)

 

Ноември/декември 2019:

1.    Дисеминација преку ученичката заедница

Учениците од седмо и осмо одделение кои беа вклучени во првата мобилност ги запознаа своите другарчиња за посетата и искуствата. Истото го направија и одделно, секој во своето одделение на одделенски час

(Слики дополнително)

2.Размена на новогодишни честитки и желби за Новата Година на различни јазици

Слики дополнително)

Февруари:

1.    E-Safety Day – или безбедно на интернет

Одбележување на денот преку предавање за безбедноста на интернет, социјалните медиуму, нивното значење и како да се заштитиме.

 

 

 

 

Март – Јуни 2020 ( Пандемија)

Онлајн активности:

 

1. Создавање на видеа и презентации за животот на учениците во време на пандемија од корона вирус ( мај 2020)

Вклучени ученици од 8 б

( слики и видеа дополнително)

 

 

2. ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА И E TWINNING ДЕН на тема

„Успешни жени двигатели на клучни компетенции – вредности во современите општества“

Реализирана дебата  на ден 9.5.2020 преку посебна онлајн платформа на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на која присуствуваа наставници од Н.Г.Дуња, координатори на Еразмус програмата и е-Твининг програмата, директор Хари Стојаноски, ученици од 7 и 8 одделение и соговорник директор на НА Лидија Димова

Цели

-        Развивање на заеднички културни и европски вредности

-        Унапредување на местото на жената во општеството

-        Родова еднаквост

-        Просоцијални вештини

-        Значењето на заедништвото за менталното здравје кај поедниците и меѓусебната поддршка

 

 

 април/мај, 2020

 

3. Креирање на видеа со пораки за зачувување на здравјето и одржување на онлајн средби за да се зачува духот на заедништвото и другарството. Вклучени беа ученици од 7 и 8 одделение, класните раководители, наставникот по ликовно, а под водство на координаторите на проектот.

 

Јуни, 2020

4..Еразмус+ проектна активност - квиз на интернационално ниво со  дигитална алатка Kahoot реализиран на 10.6.2020 год во кој зедоа учество наставници и ученици од 4 држави вклучени во проектот ,, Mind your health’’ , а координирани од колешката од Полска, Каролина Шикора.

Цели

-        Развивање просоцијални вештини

-        Развивање на чувство за заедништво

-        Учење за други традиции и култури

-        Јакнење на дигиталните вештини

 

 

Координатори:

Александра Цветановска

Ирена Христовска




MIND YOUR HEALTH

 

Online активности во учебна 2020/21

Септември, 2020

-       Ден на јазиците – онлајн видеа, цртежи и презентации за богатството на јазиците

Слики дополнително

Октомври, 2020

-       Еразмус+ денови одбележани со видеа на ученици кои свират на разни музички инструменти на тема ,,Music makes me happy’’. Музиката како средство/техника да се остане со позитивен дух, како техника/средство за редуцирање на стрес и тага и создавање на ментална хармонија и рамнотежа.

Слики дополнително



Comments